На промоцијата зборуваа деканот проф. д-р Сашо Георгиевски и главниот уредник, проф. д-р Александар Љ. Спасов, кој најави нов повик за трудови за вториот број на списанието. По пауза од 15 години, студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ повторно го оживеаја стручното списание Iustinianus Primus Student Law Review – IPSLR. Првиот број беше свечено промовиран денеска во читалната на факултетот. Иницијативата доаѓа од Факултетското студентско собрание, со поддршка од Деканатот и Уредувачкиот одбор составен од професори и студенти.
На промоцијата зборуваа деканот проф. д-р Сашо Георгиевски и главниот уредник, проф. д-р Александар Љ. Спасов, кој најави нов повик за трудови за вториот број на списанието. Претседателот на студентското собрание, Данило Крстовски, ја нагласи важноста на списанието како алатка за развој на академското пишување и критичкото размислување. IPSLR е еден од ретките примери на студентски стручни списанија во земјата, со фокус на теми поврзани со правото, политиката, новинарството и односите со јавност. Извор: Новинска агенција МЕТА