Министерството за образование и наука информираше дека секој студент кој го остварува правото на субвенциониран студентски оброк од денеска на својата трансакциска сметка ќе добива 840 денари наменети за купување производи за прехрана и парите ќе може да се искористат од понеделник до сабота.
-На овој начин се зголемува практичноста на законското решение кое досега предвидуваше исплата на 140 денари на дневна основа – посочи МОН.Нема промена во условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Рокот за пријавување на студентите кои досега не го оствариле ова право или не ги исполнувале критериумите, е од 1 до 5 секој нареден месец преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk.