Владата во септември ќе ги додели ваучерите од 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
– 250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден од критериумите е да студентите имаат заверен семестар. И ги чекаме овие бруцоши коишто сега ќе се запишат за да го заверат семестарот и да може да ги добијат тие 250 евра помош од државата за купување на електронски уреди. Така што веќе во септември месец, јас сум сигурен дека тоа ќе се случи – вели тој. Како што изјави Мицкоски, ваучери ќе доделат на околу 55 илјади студенти на приватните и државните универзитети. Студентите, со заверка на семестарот во септември ќе можат да ги искористат овие средства за набавка на електронски уреди.