Четворица студенти од Факултетот за спорт и физичко образование биле претепани синоќа во центарот на Нови Сад од десет млади момчиња. Двајца поради тежината на повредите завршиле во Ургентниот центар, а други двајца се здобиле со полесни повреди. На денешната прес-конференција во кампусот рекоа дека синоќа биле во клуб во центарот на градот каде добро се забавувале. Во еден момент пееја „Кој не скока, тој е ќаци“. Наскоро, луѓето околу клубот ги предупредиле дека може да дојдат насилници од СНС. Еден од студентите, Милан Станковиќ, кој е полесно повреден, вели дека нападот се случил меѓу два и три часот наутро.
Еден колега кој беше на влезот виде како некој не снима. Излеговме надвор во близина на фонтаната, во Католичката порта, каде застанавме да се облечеме. Одеднаш излегоа десет крупни момци со појаси во рацете, прашувајќи дали има некој проблем. Подигнавме раце и рековме дека нема проблем и дека сакаме само добро да се забавуваме. Веднаш не нападнаа со појаси. Без зборови. На еден колега му ја скршија вилицата, утрово имаше операција. Уште еден колега е на ургентен со неврохирург бидејќи постои можност да има внатрешно крварење – изјавил Станковиќ и рекол дека во Ургентниот центар биле до 5:30 часот наутро. Во меѓувреме, велат, пристигнала полиција која само застанала со нив.