Граѓаните, научниците и љубителите на природата ќе можат во секое време да пристапат до податоци за загаденост, температурата на водата, нивото на кислород, состојбата на биолошките видови и други значајни фактори кои влијаат на екосистемите на езерата. Група студенти разви веб-апликација која овозможува интерактивно прикажување на биолошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро. Оваа апликација е создадена да ги прикаже клучните еколошки параметри и податоци за двете езера низ годината кои произлегуваат од работата на Хидробиолошкиот завод Охрид, соопштија од Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) – организацијата реализатор на проектот Иновациски кампови. Преку веб-апликацијата hidrobioloski-zavod-ohrid.vercel.app, граѓаните, научниците и љубителите на природата ќе можат во секое време да пристапат до податоци за загаденост, температурата на водата, нивото на кислород, состојбата на биолошките видови и други значајни фактори кои влијаат на екосистемите на езерата. Апликацијата претставува практичен начин за подобро разбирање на состојбата на овие природни богатства и ја нагласува важноста на нивната заштита.
„Горди сме што студентите покажаа како иновативни решенија можат да придонесат за зачувување на природната средина. Оваа веб-апликација ќе овозможи транспарентен пристап до податоците за езерата, што е значаен чекор кон нивна одржлива заштита,“ изјави Иван Јованов од Здружението ЛЕАД. „Оваа апликација ќе ја приближи науката до јавноста и ќе овозможи сите заинтересирани страни да имаат пристап до најновите податоци за состојбата на езерата. Веруваме дека ова е одличен пример за тоа како младите можат да придонесат со своето знаење и креативност во заштитата на природата“, вели директорката на Хидробиолошкиот институт, Орхидеја Тасевска. Инаку, апликацијата била развиена во рамки на проектот „Иновациски кампови во соработка со Мрежата за искуствено учење“ е реализиран од Здружението LEAD во партнерство со УНИЦЕФ и со финансиска поддршка на Шведска. Извор: Новинска агенција МЕТА