Кога станува збор за перцепцијата на мажите, големината на пенисот не им е најважна на жените. Ова го покажа едно истражување, спроведено од Австралискиот национален универзитет во 2013 година, кое сега повторно стана актуелно на социјалните медиуми. Брајан Мауц, Боб Вонг, Ричард Питерс и Мајкл Џенионс сакале да тестираат до кој степен големината на машкиот полов орган влијае на привлечноста на машкото тело. Во истражувањето, тие користеле компјутерски модифицирани фотографии, на кои на тела со иста големина и облик на торзо додавале пениси со различна големина.
Откриле дека жените секогаш прво гледаат кон обликот на машкото торзо. Така, се покажало дека обликот на торзото е најважната карактеристика за жените кога ги „оценуваат“ мажите. Исто така, се покажало дека големината на пенисот има, речиси, исто влијание врз привлечноста, како и висината на мажот. Токму големината на пенисот и висината се нашле на второто место меѓу најважните машки карактеристики за жените. Се покажало дека жените сакаат пениси кои се малку поголеми од просекот. Како објаснување, научниците навеле дека поголемите пениси сугерираат „подобро здравје и поголема сила“ кај мажите.