„За рејтинг се спремни да ги лажат луѓето дека не треба да пијат вода. Срам, мизерија и ниски страсти. Водата е чиста, питка и биохемиски исправна.За ваквите лаги на АХВ општина Струмица и јас ќе поднесеме и кривична пријава до директорот на АХВ поради предизвикување на страв и паника кај населението кое иако имаше питка вода за пиење, му беше забранувано и беше плашено да не ја пие“, стои во објавата на Костадинов
Во 2024 година од крајот на септември до крајот на октомври водата за пиење во Струмица беше забранета за употреба заради зголемено присуство на манган, а квалитетот на водата од водоводната мрежа отстапувал од вредностите и стандардите за квалитет на водата за пиење.

