Првиот натпревар во Романија заврши нерешено 31-31 па екипата на Кирил Лазаров во Скопје ќе игра за пласман меѓу најдобрите четири екипи во ова натпреварување. Ракометниот клуб Алкалоид во недела на 30 март во салата „Автокоманда“ со почеток од 19:00 часот ќе игра важен меч против Минаур Баја Маре (Романија), за место во полуфиналето во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ. Првиот натпревар во Романија заврши нерешено 31-31 па екипата на Кирил Лазаров во Скопје ќе игра за пласман меѓу најдобрите четири екипи во ова натпреварување.
– Многу сум претпазлив за она што следи во недела. Ќе се обидеме да одиграме еден квалитетен натпревар. Секој нивни старт (во првиот натпревар) беше на раб на исклучување, а само двапати добија исклучување. Мора да вложиме додатен напор за да се пласираме во полуфинале. Очекувам поддршка од навивачите – изјави Лазаров. Победникот од овој дуел ќе игра полуфинале против подобриот од дуелот Олимпијакос – Рунар.