Отворени сме за критики, но, да бидам искрен, не го цениме тонот на кој беа кажани, истакна шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмусен по критиките на Џеј Ди Венс за данското управувањето со Гренланд. Шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмусен денеска со видеопорака одговори на критиките на американската администрација за данското управувањето со Гренланд. „Отворени сме за критики, но, да бидам искрен, не го цениме тонот на кој беа кажани“, истакна Расмусен во видеото на англиски јазик објавено на платформата Икс. Тој додаде дека на тој начин не се разговара со блиските сојузници, а според него Данска и САД и понатаму се блиски сојузници. „Договорот за одбрана од 1951 година им дава на САД бројни можности за посилно воено присуство на Гренланд. Ако тоа е она што го сакате, ајде да разговараме за тоа“, истакна Расмусен.
Данска во јануари соопшти дека ќе одвои речиси 2 милијарди евра за зајакнување на своето присуство на Арктикот и Северен Атлантик. АКО ПОЛЕТА ПРОЕКТИЛ КОН АМЕРИКА, ОВИЕ ЛУЃЕ ЌЕ ГО СОБОРАТ Џеј Ди Венс упати порака од базата во Гренланд