Денес, во просториите на Општина Чаир, градоначалникот имаше чест да пречека група талентирани ученици од основните училишта во општината, кои освоија прво, второ и трето место на општинскиот натпревар по математика. На овој успешен натпревар, 48 ученици од 6 училишта од Чаир обезбедија учество на регионалниот натпревар што ќе се одржи на 15 март, каде што ќе се натпреваруваат со претставниците на Општина Бутел и Чучер Сандево.
Градоначалникот ги честиташе учениците за нивните постигнувања и ги охрабри да продолжат со посветеност и самодоверба по патот на знаењето. Тој потенцираше дека Општина Чаир секогаш ќе ги поддржува младите таленти и ќе инвестира во образованието како гаранција за посветла иднина на новите генерации. Учениците добија и мотивирачка порака да продолжат со страст и ангажман, бидејќи нивното знаење и труд се вредности кои го прават горд целото наше општество.
🎉 Честитки за сите победници и успех на наредните натпревари!