Тамара Тодевска објави дека ќе организира хуманитарен солистички концерт за помош на настраданите во трагедијата во Кочани. Тој ќе се одржи на 17 април од 20 часот во Младински културен центар во Скопје.
„Хуманоста и солидарноста се вредностите кои можат да ја вратат надежта, а се толку потребни за семејствата на починатите и повредените граѓани во трагедијата во Кочани. Во моментите на тага и жалост да останеме луѓе, да пееме македонска музика, да пееме за Кочани“, кажа Тодевска, додавајќи дека наскоро ќе бидат објавени информации за продажба на картите.