Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари, обраќајќи се по повод годишнината од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, вели дека не може, а да не констатира со разочарување дека ВЛЕН од прекрасен проект брзо се претворил во неуспешен обид.
„Бидејќи сум дел од оваа Влада 11 месеци, ја преземам одговорноста и се извинувам што не можев да ја понесам промената напред! Промената не значи промена на имињата на партиите, туку на нивниот менталитет! Сепак, сите сме на време ако сме на вистинското место, па затоа ги поканувам сите партии да се приклучат на силата на народот и со своите права! Еве нè октомври, кој е блиску, многу, многу блиску!“, напиша Таравари вечерва на Фејсбук.