По околу два часа состанок, Алијансата за Албанците донесе одлука да ја напушти владата и да премине во опозиција. Како што информираше Арбен Таравари, до оваа одлука дошле поради незадоволства, при што ги спомена балансерот и законот за јазиците. Таравари рече дека министрите и замениците на АА сега се во оставка и дека ќе заминат од Владата. Со ДУИ засега, додаде, нема никаков договор, но имало некаква комуникација. Таравари најави дека и покрај тоа што заминува во опозиција ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, но и со лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче. На состанокот не присуствуваше вицепремиерот Арбен Фетаи, кој според Таравари бил на пат. Таравари меѓу другото рече дека ќе му се вратат на граѓанинот и дека Алијанса за Албанците е уникатна партија. Третманот за вработените во администрацијата е полош од порано“. За Македонија, рече дека ќе минува низ тежок период.
„Ја донесовме промената во албанскиот блок по 20 години, меѓутоа, промените кои ги ветивме не ги испорачавме. Затоа одлучивме да се вратиме кај граѓанинот. Да побараме доверба на локалните избори. Со ВЛЕН се обидовме да изнајдеме решение за кандидатите за градоначалници – не успеавме. Ако имаме сомнежи, нема што да бараме таму“, рече Таравари