Македонски Концепт остро реагира на најновите изјави и политички маневри на Арбен Таравари, самопрогласен лидер на батерии на т.н. Алијансата за Албанците, кој по неколку месеци учество во владината коалиција сега најавува напуштање, токму во пресрет на темелна смена на инсталациите од предходната криминална власт. Овој чин го сметаме за кукавички обид за спас на ДУИ, Артан Груби, Бујар Османи и Али Ахмети и очајнички потег за бегство од одговорност за штетните одлуки донесени во изминатиот период во секторот здравство, кој го претвори во сектор “паркинг”.
Таравари ги предаде Албанците и нивната целосна интеграција во македонската Влада, која се обидува да го извади системот од колапс. Таравари ги понижи граѓаните, ја погази правдата, и ја претвори јавната администрација во плен на партиски интереси. Особено е срамно што овој политички пресврт се продава како „грижа за Албанците“, иако токму Таравари со своето поведение го потврди монополот на ДУИ и го бетонираше криминалниот систем на Ахмети. Наместо да се бори за ослободување на Албанците од стегите на криминалната елита, тој се стави во служба на истиот тој систем. Македонски Концепт потсетува дека борбата за солидарност, правда и слобода не се води со политички калкулации и пазарења за функции, туку со храброст, визија и доследност. Граѓаните, без разлика на етничка припадност, го препознаваат лицемерството и нема да бидат изманипулирани со лажни драмолетки во последен час. Време е за вистински промени, а тие нема да дојдат од оние кои до вчера измеќаруваа на ДУИ, а денес глумат жртви на тој систем.
ЦКА на Македонски Концепт