Иако официјалните денови на државна жалост завршуваат денеска, болката останува длабока. Министерот за здравство Арбен Таравари преку фејсбук статус реагираше во врска со неодамнешната трагедија, истакнувајќи дека овој настан го ставил на тест целото општество, институции и здравствен систем. Тој информира дека состојбата на пациентите кои се лекуваат во северномакедонските болници е стабилна, благодарение на брзата реакција и посветеноста на здравствените работници. “Остануваме во постојана координација со клиниките во соседните и пријателските земји, каде се лекуваат некој од најтешко повредените. Се надеваме дека секој ден ќе можеме да го најавиме нивното враќање дома“, напиша Таравари.
Тој изрази благодарност до сите кои помогнале во овој тежок период, вклучително и граѓаните, институциите и здравствените работници, нагласувајќи дека секоја помош е вредна. “ Ќе продолжиме да бидеме онаму каде што ни се најпотребни, блиску до пациентите, со сето знаење, внимание и одговорност што го заслужуваат“, заклучи министерот Таравари.