За починатиот пациент на Државна кардиохирургија ќе има одговорност, доколку имало пропуст или грешка околу неговото лекување, рече министерот за здравство Арбен Таравари. Тој рече дека сѐ уште не го видел извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Инспекторатот во текот на вчерашниот ден спроведе вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за државна кардиохирургија – Скопје, по издадена наредба од министерот Таравари, а во врска со третманот и лекувањето на сега починатиот пациент T.A од Скопје.
За тоа дали инспекција ќе биде пратена и на приватната клиника од каде што пациентот бил вратен оти кај нив не можело да се оперира на товар на Фондот туку само приватно, Таравари беше со став:
„Секако дека треба доколку е вистина оти и во приватните клиники немало можност за операција“.