11.8 C
Скопје
01/04/2025 11:09
МАКТЕЛ

    

Таравари: Од 100 километри се гледа неусогласеноста на ВЛЕН во Владата

      

Тоа не е до премиерот Христијан Мицкоски, колку што е до нас, се дообјаснува министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари, во интервју за „360 степени“. Мислењето не било само негово лично, туку го темели и на анкети спроведени пред сѐ меѓу Албанците во земјава Министерот за здравство и еден од лидерите во коалицијата ВЛЕН настапи со јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата. Според него, коалицијата функционира „тромо“ и треба да се најде модел за подобра синхронизација. Арбен Таравари, министер за здравство „Јас мислам дека имаме многу недостатоци. Тоа не е толку до премиерот Мицкоски, колку што е до нас. Постои некаква неусогласеност што се гледа од 100 километри, дека многу бавно функционираме. Впечаток е на народот, што е најлошо за нас, дека ВЛЕН има многу слаба позиција во Владата. Само што направив три анкети, кај Албанци генерално анкетирани. Впечатокот на околу 70% од населението Албанци е дека ВЛЕН не функционира добро, не е задоволувачко претставувањето на Албанците во Владата“,

вели тој.Во интервјуто Таравари дообјасни дека кога зборува за претставувањето на Албанците во Владата не мисли на квантитетот, туку на квалитетот. „Ако земете во квантум, значи број на министри, број на директори, океј е претставувањето на ВЛЕН во Владата. Меѓутоа, ако го земете квалитативно, тоа не е баш како што треба, не функционира баш како што треба и тоа е генерален впечаток на повеќето, зборувам за Албанците“, додава Таравари. Ваквите ставови на Арбен Таравари доаѓаат во период на сѐ погласни шпекулации дека тој е со една нога надвор од ВЛЕН, а се поблиску до ДУИ. Првиот вистински, а можеби и последен тест на коалицијата се претстојните локални избори. ВЛЕН, засега, не успева да се договори дали ќе настапи со заеднички листи за советници и кандидати за градоначалници. Таравари, додава, тоа прашање има историја уште од лани, кога се отвора идејата за ВЛЕН од коалиција да прерасне во една партија.

Арбен Таравари, министер за здравство
„Заедничка констатација наша во јули или август минатата година беше дека подобро да одиме со четири партии до локални избори и после локални избори да се обидеме да бидеме една партија. Меѓутоа, тогаш, баш на тој состанок, јас кажав – доколку одиме со четири партии, тогаш и советничките листи добро би било да ги имаме секој за себе. Оти јас знам, 2021 година со Алтернатива ние бевме заедно на локални избори и колку мака имавме две партии да се усогласиме за иста советничка листа. И замислете, сега ќе дојдеме во ситуација четири партии за една советничка листа“, вели тој. Таравари беше прашан и за последната средба во Приштина на лидерите на ВЛЕН со косовскиот премиер Албин Курти. Го повтори претходно кажаното дека Курти е пријател и ги советува и дека, спротивно на написите во медиумите, средбата поминала во коректна атмосфера. На прашањето, пак, дали неговите чекори се инспирирани од премиерот на Албанија, Еди Рама, поради загриженост за статусот на Албанците во земјата, Таравари одговори – не. Во продолжение, го пофали премиерот Христијан Мицкоски, а ја критикуваше некомпетентноста на кадровските решенија на ВЛЕН. „Јас мислам дека статусот на Албанците не е лош во Македонија. Никогаш не се случило да има еден ваков коректен однос на премиер спрема коалициските партнери. Ова е суперкоректно, да бидам искрен до крај. Меѓутоа, директорите, заменик-директори, заминик-министри, јас мислам дека не функционира баш како што треба… Меѓутоа, генерално, пак да речам, тој рапорт, тој однос со премиерот е сосема коректен и ова секаде сум го кажал – од Приштина, до Тирана и секаде каде што одам. Меѓутоа, подолу, нас ни треба, на пример, ете ќе земам табли се ставаат по патишта, од тројазични – двојазични и треба ние со медиуми да се занимаваме по три дена, два дена, со прес-конференции ДУИ, па ВЛЕН, за работи коишто се навистина банални. Меѓутоа, за среќа, овој период немало ни монтирани случаи, ни апсења по нарачка, ниту скандали што се направени од претставниците на Владата. И во овој контекст, јас мислам дека е океј функционирањето. Меѓутоа, подолу кога одиме, не е тоа мој впечаток, тоа е генерален впечаток, дека не е баш како што треба, а може многу подобро да биде“,

   

рече Таравари во интервјуто.На прашањето, како прогнозира дека ВЛЕН ќе настапи на следните избори, тој одговори: „Јас посакувам да изнајдеме формула за да излеземе заедно и се надевам дека ќе изнајдеме формула, барем до локални избори. Нешто, барем мојата интуиција збори дека одржливоста на ВЛЕН и после избори да биде една партија, мислам дека е скоро невозможна мисија. Можеби грешам, времето ќе покаже“.

  

Најново

(ВИДЕО) Фатен жив… Бране од опозиција бараше илјада евра минимална плата – На власт вели дека миминалецот не мора да расте туку ќе расте неговата куповна моќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Разорна бура во моментов го погодува островот Парос. Во Науса возилата се носат во морето со насилен порој.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драматична снимка од Ѓаково: Автомобил влета во кафуле и ја оттурна келнерката. Имала 2,14 промили!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Храната во @ucilnica се подготвува сочно, мераклиски и домаќински од страна на Биџо кој многу ја сака кујната особено бавно печеното месо со кои ги подготви Pulled pork сендвичите.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Локалните ШЕРИФИ ги уништуваат малите градови, Кочани е пример за тоа .

Sase Ivanovski

АЕТСМ: 709 милиони евра се потрошиле онлајн во 2024 – годишен раст од 9%

Sase Ivanovski

Објавена „Македонска поетика и стилистика“ – прва национална монографија посветена на поетиката и стилистиката во јужнословенските земји

Sase Ivanovski

Ѓоко Хаџиевски наполни 7️⃣0️⃣ години

Sase Ivanovski

Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме

Sase Ivanovski

ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија

Sase Ivanovski

СДСМ: Молкот на Андоновски го потврдува скандалот со новиот тендер, институциите да постапап веднаш!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ станала приватна фирма со Трендафилов, за само една година луѓето околу него земаат милиони во вид на плати и додатоци

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?

Sase Ivanovski

Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем

Sase Ivanovski

Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро

Sase Ivanovski

Уапсен член на обезбедувањето на Мицкоски – им доставувал доверливи документи на Кланот од Грчец!

Sase Ivanovski

Европа се мобилизира за САД, но и за Русија

Sase Ivanovski

Пензионерите од денеска ќе добиваат повисоки пензии за 2.500 денари

Sase Ivanovski

По две недели пауза, пратениците се враќаат на работа

Sase Ivanovski

Либан: Израел го прекрши примирјето со напад, потребна е поддршка од меѓународните сојузници

Sase Ivanovski

Новите судии од Академијата за судии и јавни обвинители денеска ќе дадат свечена изјава пред Судскиот совет

Sase Ivanovski

„Фајненшал тајмс“: Оваа недела Рубио ќе се сретне со шефот на данската дипломатија Расмусен

Sase Ivanovski

Трамп: Сакам Путин да постигне договор за Украина, нема царини за руската нафта

Sase Ivanovski

Пожар во салон на Тесла близу Рим уништи 17 автомобили

Sase Ivanovski

Кинеската војска започна големи вежби околу Тајван

Sase Ivanovski

Мјанмар прогласи недела на жалост по земјотресот

Sase Ivanovski

Времето денеска облачно со повремен дожд и слаб ветер

Sase Ivanovski

Што да очекуваат акционерите на „Фершед“ годинава?

Sase Ivanovski

Километарски колони вечерва за влез во Македонија на овој граничен премин

Sase Ivanovski

ОВОЈ ХОТЕЛ БЕШЕ НАЈЛУКСУЗНИОТ ВО ЕВРОПА: Еве колку пари вложи Тито во него

Sase Ivanovski

Митовите на македонскиот менталитет

Sase Ivanovski

Видео: По неколку дена молк Додик објави дека е во Москва

Sase Ivanovski

Неуспешна амбиција: Најголемиот стадион во светот со години е празен, изграден за инает на непријателот

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Фурнаџија од Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки, купил и подароци за 500 деца

Sase Ivanovski

Се преврте автомобил на патот кон Маврово

Sase Ivanovski

Уапсени двајца високи советници на Нетанјаху, и самиот израелски премиер бил на службен разговор

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пороен дожд го поплави Миконос, водата носеше сè пред себе

Sase Ivanovski

Дали некогаш сте се запрашале кои проекти во историјата чинат најмногу?

Sase Ivanovski

Одбележана 34. годишнината од акцијата “Плитвица”, позната како Крвав Велигден

Sase Ivanovski

Обид за силување на 22 годишна девојка во Липково

Sase Ivanovski

Симоновски: Хидрантската мрежа за нас е најважна во урбаните пожари. Ако дојдеме во Дебар Маало и точно знаеме каде се подземните хидранти на ЈП „Водовод и канализација“, лесно е побргу да интервенираме во целата ситуација

Sase Ivanovski

360 degrees season 11, show 50 Граѓаните мислат дека ВЛЕН има слаба позиција во Владата – интервју

Sase Ivanovski

Саботажа сезона 11 бр. 49 Свети ВМРО, Свети СДСМ и Свети ДУИ…

Sase Ivanovski

Д-р Андоновски: Државен Центар за изгореници Македонија мора да има и тоа е прашаење кое јас и моите колеги го покренувавме со години наназад

Sase Ivanovski

Во пожарот во дискотеката во Кочани животот го загуби и храбриот Андреј Стојанов, кој загина спасувајќи други луѓе

Sase Ivanovski

OpenAI го затвори кругот на финансирање од рекордни 40 милијарди долари, вреднувајќи ја компанијата на 300 милијарди долари. SoftBank води со инвестиција од 30 милијарди долари, заедно со Microsoft и други поддржувачи

Sase Ivanovski

Саем на сувомесни производи “Пршутијада” – Традиционална манифестација која секоја година се одржува во златиборското село Мачкат

Sase Ivanovski

Шпанците имаат најмногу барови по глава на жител во светот и пешачат најмногу на свет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Застрашувачки снимки од Мјанмар: луѓе заробени под урнатините очајно бараат помош

Sase Ivanovski

Путин потпиша декрет: Пролетна кампања за регрутирање – 160.000 млади луѓе мора да се приклучат на армијата

Sase Ivanovski

ФФМ за срамниот потег во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот!

Sase Ivanovski

Уапсениот во Велес за оддавање службена тајна е член на обезбедувањето на Мицкоски

Sase Ivanovski

Во прилепско село пронајдена граната од Прва светска војна

Sase Ivanovski

ФФМ отвора дисциплинска постапка против Шкендија поради недолично однесување на навивачите!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно достапно место се објавени?

Sase Ivanovski

Министерство за ватрешни работи: Стартува заедничката гранична контрола на заеднички граничен премин Долно Блаце-Елез Хан

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и непочитувањето изразено на фудбалскиот натпревар во Тетово

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица

Sase Ivanovski

Прекинат натпреварот Куманово-Чаир, автобусот заврши со националистички пораки

Sase Ivanovski

ТРАМП ГО НАРЕКУВА „ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО“, ЕУ ВЕЛИ – ГУБИТНИЦИ НА СИТЕ СТРАНИ Европската централна банка предвидува пад на БДП во еврозоната

Sase Ivanovski

НАФТОВОД ОД 113 КИЛОМЕТРИ ЌЕ ГИ СПОЈУВА СРБИЈА И УНГАРИЈА Проектот ќе ја засили енергетската безбедност на Белград

Sase Ivanovski

ТИРЗ СО СИЛЕН СКОК НА ИНТЕГРИТЕТОТ, СЕ НАЈДЕ НА 15 МЕСТО ОД ВКУПНО 50 ИНСТИТУЦИИ Препознаена е меѓу најдобрите институции во борбата против корупција

Sase Ivanovski

ЗАСЕГА НЕМА ИНФОРМАЦИЈА ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОДАДЕНИ НЕБЕЗБЕДНИ СУПИ Агенцијата за храна и ветеринарство будно ја следи состојбата со производите на „Маги“

Sase Ivanovski

Методија Анѓелкоски: Почит, протест или нешто трето

Sase Ivanovski

ХРВАТСКИОТ ПЕЈАЧ ТОМПСОН ГО СРУШИ СВЕТСКИОТ РЕКОРД Продадени се над 280.000 билети за неговиот концерт, за помалку од 24 часа

Sase Ivanovski

ПУТИН ОСТАНУВА ОТВОРЕН ЗА КАКОВ БИЛО КОНТАКТ СО ТРАМП Песков вели дека засега не е планиран разговор меѓу двајцата лидери

Sase Ivanovski

ММФ прогнозира смирување на војната во Украина

Sase Ivanovski

„БЛОКИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ САМО ЌЕ ГИ ПОПРЕЧИ ВАШИТЕ ПАТИШТА“: Кина сака преговори, но подготвена е да се бори

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Sase Ivanovski

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

Sase Ivanovski

НАФТАТА ПОСКАПУВА ТРЕТА НЕДЕЛА ПО РЕД – стравувања од тарифна војна вршат притисок врз „црното злато“

Sase Ivanovski

ВО СРЕДА СЛЕТУВА ПРВИОТ АВИОН ОД ПАРИЗ – Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион

Sase Ivanovski

Подмолниот шпионски софтвер „Пегасус“ за малку не им бил инсталиран на двајца српски новинари на БИРН

Sase Ivanovski

ССМ: На 2 април јавна седница, на улица ќе кажеме дека платите на работниците мора да се зголемат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Русите со дронови го нападнаа Харков: Погодени трговски центар, станбени згради и болница, има загинати и многу повредени

Sase Ivanovski

Жена нападнала жена во Струмица, во сообраќајна кавга

Sase Ivanovski

Возач од Македонска Каменица со комбе удрил во кола и сакал да избега

Sase Ivanovski
Вчитувам....