МАКТЕЛ

    

Таравари сака да биде главен во ВЛЕН или прави терен за вртење кон ДУИ?

      

При формирањето на ВЛЕН бил постигнат договор сите партии да имаат партнерски однос, но пред неколку месеци Арбен Таравари почнал да го преиспитува овој договор, сметајќи дека неговото влијание е поголемо и тоа треба да се почитува. Па, главното прашање што сега се поставува е дали Таравари сака редефинирање на односите во рамки на ВЛЕН, со тоа што нема сите 4 субјекти да бидат рамноправни, туку тој би бил доминантен фактор? Или, пак, прави терен за вртење кон ДУИ на Али Ахмети? Предизборната одлука на Арбен Таравари да стане дел од веќеформираната коалиција на Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши беше клучна за изборниот исход во албанскиот политички блок на последните парламентарни избори, бидејќи ВЛЕН со Таравари успеа да постигне солиден резултат, со можност да го толкува како изборна победа. Во спротивно, доколку Таравари не се разидеше со Зијадин Села, нивната Алијанса за Албанците ќе беше далеку посилен и постабилен партнер на ДУИ во т.н. Европски фронт, кој без никакви дилеми би излегол како убедлив изборен победник.

Но, пораките што во последно време ги праќа Таравари, кој вели дека односите во ВЛЕН се конструктивни, но има разлики околу позиционирањето во коалицијата и идното делување, го наметнуваат прашањето дали човекот кој ја бустираше оваа коалиција пред избори сега се обидува да ја дефакторизира? Односно, главното прашање што се поставува е дали Таравари сака редефинирање на односите во рамки на ВЛЕН, со тоа што нема сите 4 субјекти да бидат рамноправни, туку тој би бил доминантен фактор? Или, пак, тој едноставно прави терен за вртење кон ДУИ на Али Ахмети? Она што може да се извлече како заклучок од неговите јавни настапи е дека тој говори за неусогласност во рамки на ВЛЕН и за лошо функционирање на коалицијата како дел од Владата, но не упатува никакви критики кон владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, па дури во една прилика соработката со премиерот Христијан Мицкоски ја нарече „прекрасна“.

Јас мислам дека имаме многу недостатоци. Тоа не е толку до премиерот Мицкоски, колку што е до нас. Постои некаква неусогласеност што се гледа од 100 километри, дека многу бавно функционираме. Впечаток е на народот, што е најлошо за нас, дека ВЛЕН има многу слаба позиција во Владата… Впечатокот на околу 70 отсто од населението Албанци е дека ВЛЕН не функционира добро – рече тој. Според информации на „Фокус“, при формирањето на ВЛЕН сите политички партии се договориле да функционираат на партнерска основа, бидејќи проценката била дека вредноста на секоја од партиите е далеку поголема во еден сојуз, отколку што би била доколку сите тие самостојно делуваат на политичката сцена.

   

Меѓутоа, пред неколку месеци Таравари почнал да го преиспитува партнерскиот однос, кој предвидува уделот на сите четири партии да биде 25 проценти, па почнал да бара да има поголемо влијание. Како што дознаваме, тој и на партнерите во ВЛЕН и на партнерите во Владата им рекол дека не може сите да бидат исти, кога тој и неговата партија имаат најголем рејтинг и тежина. Во неговите јавни настапи, тој негираше дека барал 40 отсто на советничките листи за локалните избори, меѓутоа нашите извори велат дека тој јасно предочил дека кога веќе ВЛЕН функционира како коалиција тогаш неговиот дел треба да биде поголем, т.е. 40 отсто, додека останатите 3 партии да имаат по 20 отсто. Плус, тој барал негови кандидати за градоначалници во повеќе општини. Освен во Гостивар и Врапчиште, кои се сметаат за негови упоришта, додаваат нашите соговорници, тој ги барал и Струга, Сарај, Липково и една од Боговиње и Теарце, што практично го нарушува балансот во рамки на коалицијата. Дел од сегашните соработници на Таравари сметаат дека ова однесување е во насока да стане главен во ВЛЕН, но дел од нив веруваат дека е во дослух со Ахмети, бидејќи имале информации дека истото го побарал и од него. –Нервозата на Таравари е производ на неколку причини. Тој е незадоволен од малку стеснетиот простор за работа што го има како министер, но особено поради неговата улога во ВЛЕН, која смета дека треба да биде многу поголема, бидејќи има највисок рејтинг. Но, една од неговите најголеми болки е Гостивар, бидејќи има ризик таму да загуби, особено ако се земат во предвид резултатите на последнтие избори – вели висок владин функционер. Инаку, на последните двојни избори Таравари беше претседателски кандидат на ВЛЕН и загуби во родниот Гостивар од Бујар Османи од ДУИ. Што се однесува на парламентарните избори, кои се одржаа со вториот круг од претседателските избори, пак, ВЛЕН пак загуби во Гостивар, но победи во Чаир и Тетово, кои се бастиони на Меџити и Касами.

Оттука, нашите соговорници велат дека Таравари стравува дека на локалните избори ВЛЕН може да загуби во Гостивар, што донекаде би го делегитимирало, особено ако повторно во своите средини победат Меџити и Касами. Токму затоа Таравари заговара четирите партии од ВЛЕН да настапат посебно или во два блока, бидејќи така до израз ќе дојде дека тој е најсилен играч во коалицијата според освоените гласови на листите, а нема да дојде до израз неговиот потенцијален пораз во Гостивар. Но, такво сценарио најмногу ќе и користи на ДУИ. Од друга страна, пак, тој одбива да се конфронтира со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, според упатените, сака да остане дел од Владата и истовремено ја сака поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во трката за градоначалник на Гостивар на неговиот кандидат. Како што e познато, етничките Македонци може да го одредат победникот при тесна трка во Гостивар, а најголем дел од нив инклинираат кон десницата. Доколку на крајот ВЛЕН настапи заедно на избори и коалицијата загуби во Гостивар, што би се сметало за пораз на Таравари, тоа може да ги доведе во прашање и неговите амбиции да стане лидер на ВЛЕН, бидејќи одамна е најавено дека после изборите ќе започне процесот на трансформација на ВЛЕН од коалиција во партија. А, доколку не успее да стане доминантен во ВЛЕН, тогаш никој не исклучува дека тој може да почне да се врти кон ДУИ. Неофицијално, интегративците преку „стројници“ веќе се обиделе да го растурат ВЛЕН преку Меџити и Касами, а сега последно се обидуваат и со Таравари. Доколку ДУИ успее да го искористи негово незадоволство од ситуацијата во ВЛЕН и го привлече со тоа што ќе му ги отстапи бараните општини, нејасно е како на тоа ќе реагира Села, кој неодамна рече дека Таравари е добар доктор, но дека е „даска за политика“. „Фокус“ се обиде да стапи во контакт со Таравари, кого го прашавме дали смета дека неговото влијание во ВЛЕН е поголемо од она на партнерите, дали смета дека тој треба да има поголем удел при носење на одлуките во рамки на коалицијата, дали смета дека ВЛЕН треба да прерасне во една партија и дали има амбиција да биде лидер на таа партија? Одговор не добивме. За потсетување, формирањето на ВЛЕН го спонзорираше косовскиот премиер Албин Курти, кој имаше улога на еден вид олеснувач со чија помош се надминаа разликите меѓу четирите партии. На неодамнашната ифтарска средба на лидерите на ВЛЕН во Приштина, дознаваме дека Курти инсистирал коалицијата да остане на купче и бил критичен кон однесувањето на Таравари. Арно ама, во спротивна насока делува албанскиот премиер Еди Рама.

  

Најново

Евакуиран канадскиот парламент: Полицијата соопшти дека акцијата е во тек, и препорача избегнување на областа

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Барселона не го искористи киксот на Реал, ремизираше со Бетис

Sase Ivanovski

24 анализа – „Денот на слободата“ на Трамп, дали некоја земја ќе биде поштедена од царини?

Sase Ivanovski

Тендер „Базени“: АМС противзаконски дала амин 61% од работите да одат кај подизведувач

Sase Ivanovski

Левица- ТОШКОВСКИ ЈА ШТИТИ ФАМИЛИЈАТА САЛИУ КОЈА РАКОВОДИ СО ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Sase Ivanovski

Aхмети- Немам договор со Таравари а на Влен им порачав да не бидат вазали на Мицковски. Средба на Ахмети, Таравари и тројката од Влен во Скопје со председателот на Албанија

Sase Ivanovski

„Геноцид“ на младината во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хамас: Нема да ги евакуираме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел

Sase Ivanovski

Француските синдикати и невладини организации ќе ја поддржат Марин Ле Пен на митинг на 12 април

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинезите објавија видео во кое му се потсмеваат на Трамп за воведените царини

Sase Ivanovski

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа

Sase Ivanovski

Четири земји ги избегнаа новите американски царини

Sase Ivanovski

Најголемиот скандал со протекување информации од Белата куќа откри и една страшна вистина

Sase Ivanovski

Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација бараат Давкова да не ги потпише измените во образованието

Sase Ivanovski

Неосновано припишан сатанизам на советник на Општина Кочани и можен в.д. градоначалник

Sase Ivanovski

Македонија и Тајван го продолжија безвизниот режим за уште пет години

Sase Ivanovski

Дисциплинска постапка за полицајците што не даваа да се крене непрописно паркирано порше во Дебар Маало

Sase Ivanovski

Не може да се тврди дека одлуката на САД за новите царини само малку ќе се одразела врз економијата

Sase Ivanovski

(ИНТЕРВЈУ) Ана Каранфилова-Мазневска: Со правилна селекција, количината отпад може да се намали повеќе од 60 отсто

Sase Ivanovski

„Марш за ангелите“ и уште еден протест денеска во Кочани

Sase Ivanovski

АЕИ: Формулата за царини на претседателот Трамп нема економска логика – и се базира на грешка

Sase Ivanovski

Уписите во средните училишта почнуваат на 14 јуни

Sase Ivanovski

Мицкоски: Македонија ја покажува својата лојалност, но не секогаш го добива очекуваното

Sase Ivanovski

МВР апелира граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, туку да ги пријават

Sase Ivanovski

Пресудите за Ле Пен и Георгеску се суверени одлуки на францускиот и романскиот суд

Sase Ivanovski

Пијан возач со украдено возило искршил рампи на наплатна станица кај Неготино

Sase Ivanovski

Демонстрации ширум САД против политиките на Трамп

Sase Ivanovski

Нема промени во здравствената состојба на сите повредени од Кочани

Sase Ivanovski

Српско семејство за прв пат позира пред камера во Крагуевац, 1896 година. Ја донеле дури и својата сакана крава, сметајќи дека е дел од семејството

Sase Ivanovski

Ралповски: Нема основа за протести, Владата ги исполни барањата и условите за работниците се подобрени

Sase Ivanovski

МНР: Се преземаат сите активности за организација на транспортот на телото на починатиот Карадакоски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КРИВА Е ПАЛАНКА, КОЈ Е КРИВ ЗА ЦИЈАНИДОТ?-Митовски,Гиновска,Стојановска,Ристовски-Стадион на Канал77

Sase Ivanovski

Скопјанец бил рекетиран во парк во Гази Баба

Sase Ivanovski

Малолетници физички нападнале 45-годишен скопјанец

Sase Ivanovski

Зеленски: Нападот врз мојот роден град покажува дека Русија не сака мир

Sase Ivanovski

Ирскиот пасош најмоќен во светот за 2025, Македонија на 81 место

Sase Ivanovski

Време е да запре селективната правда: Со фотографии од загинатите, семејствата и роднините излегоа на протест во Кочани

Sase Ivanovski

Измамници ги контактираат жртвите преку мобилен телефон со скриен број, граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки

Sase Ivanovski

Мајла Чусто, по потекло од Босна и Херцеговина, беше назначена за потпретседател на SpaceX – една од најиновативните вселенски компании во светот.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Голема корупциска афера во Украина: Милиони евра исчезнаа преку набавка на храна за војската, а на крајот купија и хотел во Хрватска!

Sase Ivanovski

Во акциска контрола МВР влезе во објекти во Тетово, пронајдени дрога и ножеви

Sase Ivanovski

Бешлиовска: Имаме 9.200 медицински сестри, а треба да сме околу 15.000

Sase Ivanovski

Повредено 26-годишно момче додека работело во фабрика во Виница

Sase Ivanovski

Шкендија казнета за нечовечкото скандирање во Тетово, пет натпревари без публика

Sase Ivanovski

УХМР за вечерва предупредува на можна појава на брз пораст на водостоите поради интензивен дожд

Sase Ivanovski

Mалолетник силувал неколкупати петгодишно девојче во Гостивар, обвинителството побара притвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Директорката на Клиниката за пластична хирургија се заблагодари на сите доктори од странство кои помогнаа за пациентите по пожарот “Пулс” во Кочани.

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Пријателски разговор со Мевлут Чавушоглу, пратеник во Турскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на Република Туркије.

Sase Ivanovski

„Издржете се, нема да биде лесно“: Трамп пркоси на царините

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Кисела Вода го добива еден од најголемите и најсовремени фитнес центри во Македонија!

Sase Ivanovski

Американците почнаа да наплаќаат тарифи од 10% во 00:01 по источно време

Sase Ivanovski

Изречени 85 мерки за сторени сообраќајни прекршоци на подрачје на град Прилеп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТЕШКА НЕСРЕЌА НА ОБИКОЛНИЦАТА БЛИЗУ ВОЛКОВО: АВТОМОБИЛ ПРЕВРТЕН, ПОЛИЦИЈАТА НА ТЕРЕН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема: Водата во Крива Река загадена, загадувач – нема!?

Sase Ivanovski

Преку петиција се бара ослободување на обезбедувачите во „Пулс“: Одговорноста е кај сопственикот, тие добивале наредби и немале избор

Sase Ivanovski

Автобус и автомобил се судрија на „Водњанска“, сообраќајот закрчен

Sase Ivanovski

Додик: Поддршката за мисијата ЕУФОР доколку не го пречекорила мандатот

Sase Ivanovski

За прв пат во анкетите, АфД се изедначи со ЦДУ/ЦСУ со 24 отсто поддршка од гласачите

Sase Ivanovski

Трамп: Кина е повеќе погодена од американските царини отколку САД од кинеските

Sase Ivanovski

Гостиварчанка и украла злато од сестра ѝ

Sase Ivanovski

„Остен“ додели повелби за придонес во развојот на карикатурата, хуморот и сатирата

Sase Ivanovski

Срѓан Керим за „Поршето“: Нема потреба од никакви коментари, постапено е по закон

Sase Ivanovski

Приведено 26-годишен маж од Неготино – украл возило и под дејство на алкохол и без возачка дозвола скршил рампи на патарини на автопат

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишено од слобода лице барано за издржување казна затвор

Sase Ivanovski

Гинов: Во ниту еден момент не е доведено во прашање водоснабдувањето на Битола, СДС да им се извини на битолчани што ги лаже

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да престане да лаже, сопственикот на возилото е казнет, а за полицајците има дисциплинска постапка

Sase Ivanovski

Министерството за здравство информира дека во моментот 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба, во споредба со претходните денови.

Sase Ivanovski

СДСМ: Утре ќе се одржат внатрепартиските избори за Претседател на СДСМ

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска на Меѓународна контролинг конференција – Ефикасно управување со јавните финансии и одговорни институции главна смерница на фискалната политика

Sase Ivanovski

Мојсова-Чепишевска: Конечно и ѕвездите зборуваат на македонски

Sase Ivanovski

Клековски: Политичкиот дијалог е возможен само ако се заснова на факти и аргументи, а Македонија веќе има Национална развојна стратегија како и Стратегија за здравство

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведено лице во Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: Со Тошковски на чело МВР е во хаос, бодигарди аздисуваат на улиците како на див запад!

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА И АМЕРИКАНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПС НАТО

Sase Ivanovski

Средба Исени – Филипиду: Со заеднички сили во управување со миграциите и борбата со илегалната миграција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Левица и Апасиев во директен договор со Извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода неготинец, украл возило и под дејство на алкохол и без возачка дозвола скршил рампи на наплатни станици на автопат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека има цијанид 100-тици пати над дозволеното, за да шири паника и манипулира пред избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вардар Неготино по нотите на Тодорчев и Стојановски го освои Прилеп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во 6-тата фудбалска лига во Шведска, се сретнаа КСД Македонија и Преспа Бирлик, клубови со потекло од доселеници од Македонија. Мечот почна со 1 минутно молчење во чест на загинатите од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski
Вчитувам....