Од пациентите кои се лекуваат надвор од државата во критична состојба остануваат четири до пет пациенти. Четворица пациенти од Шпанија и еден од Грција се враќаат денеска и првите 24 часа ќе бидат сместени во Клиники, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната прес-конференција. „Вчера се вратија еден пациент од Србија и еден од Бугарија.
Бројката на пациенти кои се лекуваат во странство моментално изнесува 113, а со овие пет што ги очекуваме денеска, ќе падне на 108. Трендот на пациенти кои се подготвуваат за враќање расте“, изјави Таравари. Од пациентите кои се лекуваат надвор од државата во критична состојба остануваат четири до пет пациенти. Во домашните болници се лекуваат 23 пациенти, од кои четворица се сместени во Клинички центар, по двајца на Пластична и реконструктивна хирургија и двајца на Токсикологија. Во стара Градска болница се шест пациенти, додека во болницата „8 Септември“ се девет пациенти, од кои еден ќе биде испишан денес. Во болницата „Систина“ се четворица пациенти. Извор: Новинска агенција МЕТА