Министерот за здравство, Арбен Таравари утрово се огласи откако вчера во болницата во Куманово починал 32-годишник. Во објава на социјалните мрежи, Таравари напиша дека експертски тим од Министерствотото за здравство ќе ги разгледа сите факти за смртта.
„Јас сум на првата линија на кочанската трагедија и срцето ми е скршено деновиве, а за Ведат беше уште еден удар… Изразувам сочувство до семејството!.Ја чувствувам болката на неговиот татко, кој со свои нозе го однел синот во болница! Го разбирам неговиот револт кон докторот за кој се сомнева дека направил лекарска грешка! Наредив експертски тим од Министертвото за здравство да ги разгледа сите факти и доколку тоа се докаже, ги повикувам правосудните органи строго да го спроведуваат законот! Без никаков компромис бидејќи грешките ни ги земаат најскапоцените работи…, стои во објавата на првиот човек на македонското здравство“, напиша Таравари.
Таткото на Ведат Адеми (Амет Адеми) изјави дека син му починал поради алергиска реакција на терапијата што му ја администрирале. Директорот Трајановски на прашањето на „Слободен печат“ дали терапијата што пациентот ја примал вечерта кога првпат дошол во кумановската болница и утредента во 11 часот била истата, не беше сигурен.