Паркингот на Клинички центар „Мајка Тереза“ нема да биде даден под концесија со него да управува албанската фирма „Ѓока констракшн“. Министерот за здравство Арбен Таравари денеска свика прес-конференција на која се очекуваше новинарите да пристигнат во Министерството за здравство за 20 минути бидејќи толку време однапред таа им беше најавена и на неа соопшти дека нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“.
На маса се две опции за стопанисување со паркингот. Првата е ЈП Градски паркинг да изгради две катни гаражи и да ги управува, а втората е тоа да го направи Службата за општи и заеднички работи при Клинички центар.