Се планира девет пациенти да бидат испишани на почетокот на следната недела, откако ќе им бидат направени сите токсиколошки и психолошки испитувања, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари по редовниот состанок на кризниот штаб, за состојбата на повредените лица во пожарот во Кочани -Надвор од државата се 115 пациенти, во критична состојба продолжуваат да бидат пет пациенти, но состојбата на пациентите флуктуира. Седми ден е, нула починати.
Нема ниту еден пациент кој починал. Очекуваме да се подобрува состојбата – вели Таравари. Следната недела, како што соопшти тој, има најави за враќање на повеќе пациенти во државава.