По завршување на состанокот во Гостивар, Арбен Таравари одговараше на новинарски прашања за како што објави ТВ21 размислувањето на ВЛЕН за исклучување од коалицијата и Владата. Тој рече дека со премиерот Мицкоски имале коректни односи, јавува репортерот на ТВ21.
„Ние сме дел од Владата, продолжуваме да го даваме нашиот придонес. Доколку некој смета дека не сме потребни таму, не ни е проблем воопшто, но јас сметам дека со премиерот Мицкоски имаме коректни односи, верувам дека ќе продолжиме, но тогаш кога ќе оцениме дека нешто не оди како што треба, тогаш и јавно ќе излеземе, не е проблем, но моментално сметам дека имаме добри односи“, истакна Таравари