Утре Алијанса за Албанците ќе донесе одлука дали на престојните локални избори ќе настапат како дел од коалицијата ВЛЕН или на избори одат самостојно.
„Имаме две опции, една да продолжиме со ВЛЕН и второ да излеземе сами. Изборот е меѓу овие две опции, нема трета опција. Имаме одредени општини каде што сметаме дека и сами би направиле добар резултат како што се Гостивар, Врапчиште, Дебар, Боговиње, Теарце, Сарај. Не мислиме дека ќе победиме туку дека може да направиме добар резултат. Меѓутоа ајде да видиме, на крај граѓаните одлучуваат“, изјави Таравари. Таравари демантираше дека се сретнал со Али Ахмети и дека неговата партија преговара со ДУИ за евентуална соработка.