Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција изјави дека уште петмина повредени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе бидат испратени на лекување во Шведска.
„Денеска ги испраќаме последните пациенти во странство, двајца одат во Шведска, и после нив уште тројца, и толку завршуваме нема повеќе потреба. Дури очекуваме да почнат да се враќаат од таму“, рече Таравари.
Тој напомена дека еден пациент од Клиника денеска си оди дома, како и од Штип двајца.
„Еден пациент се испишува си оди дома од Клиника. Во Штип на лекување има тројца пациенти, и двајца се пуштаат дома, ќе остане само еден“, рече Таравари.
Како што истакна министерот за здравство, во македонските државни болници се третираат 64 пациени, во приватните – 13, а надвор од државата се преземени 101 лице. За нив рече дека се наоѓаат во релативно стабилна состојба.