Денеска почина уште едно лице кое беше на лекување во Литванија, Александар Гавриловски на возраст од 29 години. Министерот за здравство Арбен Таравари информираше неговата состојба била тешка од самиот почеток, но од 4 април ситуацијата се влошила уште повеќе и од вчера бил ставен на хемодијализа. Денска во 11 часот пациентот починал, и ова е вториот пациент кој почина од вкупно 193 што ги третираат во и надвор од државата.
„Би сакал да изразам сочуство до семејството на Александар Гавриловски и ни остануваат уште двајца критични пациенти. Вкупно се лекуваат надвор од државата 66, во Македонија се лекуваат 10 пациенти. Освен тие двајца критични немаме други потешки пациенти. Се надевам дека нема да имаме уште повеќе критични пациенти“, кажа Таравари. Александар имал 35 посто изгореници од трет степен, со изгореници во дишните патишта ие беше еден од потешките пациенти. Другите двајца пациенти според минисерот Таравари се критична, но во стабилна состојба.