Таткото на загинатиот тапанар на ДНК во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска се обрати пред јавноста додека во Кочани траеше „Маршот за ангелите“ и ги повика претседателката Гордана Силјановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да си поднесат оставки.
Таткото на починатиот музичар Горги Горгиев алудираше на тоа дека ниту еден актуелен функционер од управата не е опфатен во истрагата и дека правдата е селективна, по што го искина пред сите писмото со поддршка што го добил од претседателката Силјановска Давкова за кое рече дека го добил без потпис.
– Таа вети дека ќе биде претседателка и мајка. За три дена ме најде мене со писмо, а птооа ме заборави за 24 часа. Мајко моја, маќео, ова на што личи, добивме писмо без потпис, без никаков потпис. Овој збор ја прелажа цела Македонија и ова за мене не важиЛично ви се обраќам, не ви е ли срам, имате деца, нека ви се живи и здрави. Нашите деца на 16 март загинаа, а вие на 16-ти, кој било месец, тројцата да си дадее оставка, рече таткото на Горгиев.Останатите родители исто така се согласија дека добиле писма со поддршка, но не биле удостоени ниту со потпис на истите (faktor.mk)