Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, преку социјалните мрежи реагираше на вчерашната прес конференција на која за првпат во јавноста се појавија родителите на Васил Јованов. Родителите на Јованов се појавија заедно со адвокатот на нивниот син, Сашо Дуковски и меѓудругото изразија сочувство на семејството на Кулакова.
– Никогаш немаат вистински каење, а кои и после 9 дена не изразија сочуство… Ниту не исконтактираа… Ама затоа веднаш подметнуваат телефон во “Шутка”, за да се договараат како да го прикриваат делото – “Убиство” на син им ! Подеднакво исто како што и претходните случаи со судијката ги прикривале, што ги прави соученици со кривична одговорност! Значи нема нити каење, ни станува збор за сочувство…, напиша тој меѓудругото на Фејсбук.