Во централниот регистер е впишано дека ,,Управителот се именува за ограничен временски период од датумот на упис во Централниот регистер. Оваа телевизија ја поврзуваат со министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби со кој Шоша има и фотографии.
ТВ Клан пред два дена објави дека лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Информацијата беше поткрепена со фотографија од подземната гаража на седиштето на партијата. Истовремено, текстот беше испратен и на електронските адреси на другите медиуми.
Набргу потоа, телевизијата повторно испрати мејл, во кој на некој начин потврди дека не се работи за новинарски текст, велејќи дека „го повлекува соопштението и ќе поведе постапка за одговорност кон новинарот кој што неавторизирано испратил меил до други медиуми со непотврдена информација“. Во новата порака стои и дека, се во фаза на екипирање на нов состав на вработените и ќе истражат дали овој инцидент е намерен од страна на актуелни или веќе отпуштени вработени за да ѝ се наштети на телевизијата.Ова следеше откако ВМРО-ДПМНЕ демантираше дека таква средба се случила и одговорноста за објавувањето на таква лажна вест му ја припишаа на поранешниот вицеперемиер Артан Груби.
„Прашуваме од каде знае Артан Груби, кој е во Австрија (пазарејќи во еден од луксузните продавници на Гучи, Барбери и Версаче) дали Арбен Таравари бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Денес Таравари не беше во ВМРО-ДПМНЕ, а воедно ја разбираме нервозата и фрустрацијата на Груби поради броените денови во власта”.Паркираното возило во гаражата е на претседател на партиски огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Маврово-Ростуше.