Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска извршил увид на лице место во семејна куќа во Скопје, каде според првичните сознанија маж ја лишил од живот својата сопруга.
-Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатата. Увидните екипи од лице место прибраа траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Осомничениот е задржан при обид да ја напушти државата на граничниот премин Табановце, а во текот на утрешниот ден повеќе информации за натамошниот тек на постапката – соопшти Обвинителството. Инаку, како што соопшти МВР, скопјанец попладнево со остар предмет ја убил сопругата и се обидел да бега. Фатен е на граничниот премин Табановце.