Случајот го потврди и косовската полиција, која соопшти дека истрагата ја водат Државното обвинителство и Здравствениот инспекторат.„За случајот што се случи во Регионалната болница во Пеќ е известена полицијата и веднаш излегла на лице место, државниот обвинител исто така. На лице место излегле и здравствените инспектори. Во тек е истрага од страна на државен обвинител и здравствени инспектори“, се наведува во соопштението на полицијата.
Извори од болницата во Пеќ пак велат дека болницата по секоја цена се обидувала да го сокрие случајот, вршејќи притисок врз персоналот да не даваат информации од болницата. Дури се обидувале целата вина да ја префрлат на собарките, за да го спасат името на медицинскиот персонал на Гинекологија.Во меѓувреме, Општата болница во Пеќ објави дека за овој случај се суспендирани седуммина вработени и дека против нив е поведена дисциплинска постапка.Според Основното обвинителство во Пеќ, случајот се случил минатата недела и истрагата е во почетна фаза.