Од денеска во наредните два дена ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ и КАС одржуваат обука за кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на ИК на партијата на тема одржлив локален развој за подобра иднина.Обуката ја отвори претставникот на КАС за Македонија Даниел Браун и раководителот на ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ Светислав Васев.
Свое обраќање на настанот имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, кој пред присутните кажа дека ВМРО-ДПМНЕ очекува огромна победа на локалните избори на есен, која ќе значи поголем број на општини, потенцирајќи дека тенденцијата е СДСМ да остане и без ниту една општина.
Мицкоски, сопштуваат од партијата, кажа дека Македонија забрзано се трансформира, во таа насока кажа дека бројот на туристи во државата се зголемува, индустриското производство расте, бројот на капитални инвестиции и одобренија за градби е зголемен.Претседателот истакна дека цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е да го заврши овој мандат со номинален БДП на Македонија од над 20 милијарди долари, тоа ќе значи посилна економија и побогати граѓани, а кон тоа ќе придонесат сите инвестиции, како државни, така приватни, но и странски, а кои се случуваат заради подобрата бизнис и политичка клима.