18.8 C
Скопје
07/05/2025 11:02
МАКТЕЛ

     

Петар Арсовски: Тенка е линијата меѓу сочувство и протест, „народот ќе се самоорганизира“ ако не се уапсат вистинските

      

Вистинска процена дали постои енергија за сериозно граѓанско движење, за промена на институциите, моделот и системот, ќе видиме дури наредната недела. Тогаш ќе видиме дали таа енергија се претвора во движење или била само излив на афект во дадениот момент. Дали ќе му се случи народ на премиерот по неговиот сопствен рецепт, рано е да се предвиди, вели за „Слободен печат“ аналитичарот Петар Арсовски. Дали на премиерот Христијан Мицкоски „ќе му се случи народ“ по неговиот сопствен рецепт рано е да се предвиди. Тоа ќе зависи, меѓу другото, од решителноста дали ќе ги најдат и казнат одговорните, без да се штити никој и дали ќе направат систем во кој нема да се повтори ужасната трагедија, е процената на политичкиот аналитичар Петар Арсовски само неколку денови по несреќата во која изгореа најмалку 59 млади во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Петар Арсовски / Утрински брифинг– Во моментов имаме изблик на негативна енергија, односно бес што се случи во Кочани со демолирање на угостителскиот објект што исто така бил сопственост на сопственикот на кабарето и каменување на општинската зграда. Но тоа се протести, условно речено, во афект, со една висока доза на емоција. Вистинска процена дали постои енергија за сериозно граѓанско движење, за промена на институциите, моделот и системот, ќе видиме дури наредната недела, да не бидам вулгарен, дури откако ќе ги погребаат починатите, затоа што тогаш ќе видиме дали таа енергија се претвора во движење или била само излив на афект во дадениот момент. Дали ќе му се случи народ на премиерот по неговиот сопствен рецепт, рано е да се предвиди – вели Арсовски за „Слободен печат“.
Протестот во Кочани почна мирно, но ескалираше кога граѓаните револтот го истурија врз општинската зграда со фрлање јајца и бараа градоначалникот Љупчо Папазов да излезе пред нив. Граѓаните го демолираа кафулето на сопственикот на дискотеката и превртеа контејнери. Сенка на „заедничкиот час“ на студентите во Скопје, пак, фрлија говорите на министерката за образование Весна Јаневска и на ректорката на УКИМ Билјана Ангелова, по што УСС на УКИМ се извини со ветување дека на следниот собир, закажан за 21 март, ќе нема обраќања. Присуството и обраќањето на министерката и на ректорката, јавноста ги протолкува како киднапирање на собирот и обид за замолчување на студентите, особено затоа што Јаневска во обраќањето цитираше песна од Ацо Шопов, која беше протолкувана како повик до студентите да молчат. На собирот потоа се обрати и единствениот студент што зборуваше, за да им порача дека „не сме тука за да правиме бунт, туку за да бидеме сплотени и да оддадеме почит кон жртвите“. Ова предизвика раздор меѓу студентите, па факултетското студентско собрание наФилозофскиотфакултет при УКИМ изгласа недоверба на делегатите на УСС УКИМ.
Заеднички час на платото на УКИМ, студентите оддаваат почит на жртвите во Кочани / Фото: Слободен печат„Експериментот со УСС заврши, студентите на УКИМ ќе се самоорганизираат пленумски! Тоа за кое пред деценија студентите се бореа, никогаш не го добија. Наместо автентично претставување на студентскиот интерес, го добивме зависниот бирократски лавиринт наречен УСС на УКИМ“, порачаа студентите од Филозофскиот факултет.
Стотици студенти, пак, денеска се собраа во кампусот на техничките факултети во Скопје, од каде што искажаа сочувство кон жртвите кои настрадаа во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Ученици, студенти и граѓани оддаваа почит и во Битола, Охрид, Тетово, Штип, Кавадарци, Куманово…
Дилемата е дали веќе има обиди да се задушат собирањата на студентите и протестите кои ги најави неформалната организација “Кој е следен“. – Ако постои некаков организиран обид да се задушат протестите, тоа нема да го видиме на телевизија, тој ќе се случува на терен, помеѓу лидерите на протестите, припадници на безбедносните служби на лице место и на терен кои се обидуваат да ги задушат. Се разбира дека државата, системот, не сакаат протести и се разбира дека прават сè за протести да не се случат. Но поважно е дали ќе си ја завршат својата работа, дали ќе ги најдат одговорните, дали ќе ги казнат одговорните без да штитат некого и, што е уште поважно, дали ќе направат систем во кој ваква работа нема да се повтори – вели Арсовски.

Студенти во чест на загинатите Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Тој потсетува дека граѓаните се сведоци дека изминатите години, почнувајќи од „Ласкарци“, па „Беса-транс“, бродот во Охрид, модуларната болница и сега дискотеката во Кочани, ни се случуваат несреќи кои се производ на лош систем кој не функционира, односно на целосно затајување на системот. – Ако власта успее да покаже дека се труди вистински да го поправи системот ќе ја намали енергијата, ако луѓето доживеат дека и ова е само еден политички театар, тогаш таа енергија ќе експлодира. Сигурно постои обид да се намали таа енергија, зашто ако таа енергија се излее на улиците, стане голема, сериозно цунами, како што се случува во Србија, најголемата политичка цена ќе ја плати тој што во моментов е на власт. Но, најважно е дали истрагата ќе биде непристрасна и транспарентна. Ние во моментов не знаеме дали градоначалникот треба да биде повикан на одговорност или не, но знаеме дека го испрашувале, не знаеме зошто одлучиле да не биде осомничен. Од транспарентноста на истрагата на Јавното обвинителство и на МВР ќе зависи дали таа енергија ќе спласне или кулминира, или луѓето ќе помислат дека повторно има подобни за прогон и подобни за штитење – вели Арсовски. Јавноста веќе е поделена за протестите. На социјалните мрежи веќе се споделуваат објави дека „сега не е време за протести, не е време за политики“, но и објави дека „сега е време за протести зашто кај нас сè се заборава за три дена“. Мицкоски претходно предупреди дека народот ќе се „самоорганизира“ на протести, ако петтемина членови на Судскиот совет не поднесат оставки. Само еден ден по трагедијата граѓани излегоа на протести во Кочани, а во Скопје студенти организираа „Заеднички час“ за да им оддадат почит на загинатите. Протест во главниот град за вечерва беше најавен од неформалната организација „Кој е следен“.

  

Најново

(Фото) Ѓурѓовден во Кисела Вода- низ детската насмевка, љубов и среќа!

Sase Ivanovski

Муртезани по преземањето на претседавањето со ЕУСАИР: Ќе градиме не само патишта, туку и мостови на разбирање и солидарност

Sase Ivanovski

Почина д-р Славица Трајкова – инфектолог и борец на првата линија во борбата со Корона вирусот

Sase Ivanovski

Себастијан Фицек доаѓа на Саемот на книга 2025

Sase Ivanovski

11 години без нашиот истакнат писател и професор Науме Радически

Sase Ivanovski

ПРОМЕНЛИВОТО ВРЕМЕ ЌЕ ПОТРАЕ: Еве што велат метеоролозите

Sase Ivanovski

Светски ден на астмата – 300 милиони луѓе во светот и 100.000 во земјава живеат со оваа хронична болест

Sase Ivanovski

Индија тврди дека Пакистан отворил артилериски оган преку границата

Sase Ivanovski

10 ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА КРИМИНАЛ ТЕЖОК 2,9 МИЛИОНИ ЕВРА ВО РЕК БИТОЛА Намерно отфрлиле понуда на тендерот за ископ на јаловина?

Sase Ivanovski

ИНСУЛИН СЕГА ИМА, НО КВАЛИТЕТОТ НА ПОМАГАЛАТА Е ПОД ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРИ: Пациентите со дијабетес бараат системски решенија

Sase Ivanovski

ИСПЛАТЛИВА ИЛИ НЕ, МАКЕДОНЕЦОТ СИ САКА ПОЛОВНА КОЛА, ДАЛИ НОВИТЕ СЀ УШТЕ СЕ САМО ЗА БОГАТИТЕ – паѓа бројот на увезени нови автомобили

Sase Ivanovski

Новите државни коцкарници во Македонија направиле загуби во работењето

Sase Ivanovski

ПОЗНАТИОТ БИЗНИСМЕН ГОРАН АНТЕВСКИ СЕ СТЕКНА СО АКЦИИ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ВРЕДНИ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА – еве за што извести банката

Sase Ivanovski

Фактор анализа ШТИП 2024: Штипјани знаат да прават бизнис! Кои се најуспешните компании во „Градо под Исаро“?

Sase Ivanovski

АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ: Расте бројот на банкроти во Европа

Sase Ivanovski

Алсат: Арбен Таравари ќе ја напушти Владата

Sase Ivanovski

Кос: Србија има историска можност да се приклучи кон Европската Унија

Sase Ivanovski

Мицкоски на средба со коалицијата „Вреди“ по најавите на Таравари за раздвојување

Sase Ivanovski

Литванија, а по неа и Латвија забранија прелет на авионот на Вучиќ кон Москва

Sase Ivanovski

Повеќе од три месеци не се знае судбината на Миле од Неготино

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова се сретна со тимот од „Support Kocani“: Мора заедно да се избориме и да ја пребродиме оваа колективна и национална загуба

Sase Ivanovski

Пакистанскиот премиер Шариф: Имаме целосно право да се браниме од воениот напад на Индија

Sase Ivanovski

Трамп: „Штета“ е што имаше индиски напад врз Пакистан

Sase Ivanovski

Најмалку двајца загинати и 12 повредени во нападот на Индија врз Пакистан; Пакистанската армија собори два индиски воени авиони

Sase Ivanovski

Трамп: Русија немаше да ја нападне Украина доколку сè уште беше дел од Г7

Sase Ivanovski

Убиен командант на Хезболах во израелски напад со беспилотни летала во јужен Либан

Sase Ivanovski

Во Котор е уапсен Американец-бегалец, обвинет за убиство во родната земја

Sase Ivanovski

Најмалку двајца загинати и 12 повредени во нападот на Индија врз Пакистан

Sase Ivanovski

Фетаи за ДУИ: Прво гласаа за измените во уредувањето на државната администрација, па потоа ја клеветат Владата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арматура виси над минувачите и автомобилите во Карпош

Sase Ivanovski

Се воведува комунална полиција, а идните градоначалници ќе се отповикуваат со референдум

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Индиската армија изврши напади врз девет локации во Пакистан

Sase Ivanovski

Андреј Жерновски: Триесет дена од „уште денес” на Мицкоски

Sase Ivanovski

Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е анти-национална и стана ‚‚тажната приказна” на Балканот

Sase Ivanovski

Европската унија со подршка за Гренланд

Sase Ivanovski

Путин со осуда на обидите на Западот за ревидирање на историјата на Втората светска војна

Sase Ivanovski

Хутите најавија проценка на суспензијата на агресијата по најавата на Трамп

Sase Ivanovski

Семејното насилство ќе се гони по службена должност – власта одби ист предлог на Левица, а сега ќе го менува Кривичниот законик

Sase Ivanovski

Кина не пристапи кон трговски преговори со САД

Sase Ivanovski

Израелски официјални лица велат дека САД не ги информирале дека ќе ги прекинат нападите врз Хутите

Sase Ivanovski

Меџити: Отвораме амбасада во Саудиска Арабија, тоа ќе ја зајакне меѓународната позиција на земјата

Sase Ivanovski

Момировски: Имам впечаток дека може да се продлабочи падот на Македонија на Индексот на слободата на медиумите

Sase Ivanovski

Руската амбасада организира изложба во Музејот на Град Скопје: „Патот кон големата победа“

Sase Ivanovski

Кожуф поради скандалот може да остане и без лиценцата за дејност спорт!

Sase Ivanovski

„Dystokyo“ – мултикултурен и мултимедијален настан за спојување на Скопје и Токио

Sase Ivanovski

Пoпуларната апликација „Скајп“ заминува во историјата

Sase Ivanovski

59 годишник обвинет за полов напад врз 15 годишно дете

Sase Ivanovski

Aнализа: Извршители од граѓаните наплатиле 47 милиони евра, во најава нови законски измени

Sase Ivanovski

Средношколци утре ќе се натпреваруваат со свои бизнис идеи на натпревар за ученички компании

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД не пресудил дека вакцините против ковид-19 не се вакцини

Sase Ivanovski

Министерството за образование, УКИМ и СОЗР креираа работна група за изградбата на објектите за ФИНКИ и ФФК

Sase Ivanovski

Литванија му забрани на Вучиќ да лета до Москва преку нејзина територија

Sase Ivanovski

АХВ изрече забрана за вршење дејност на прифатилиште за бездомни кучиња во струмичко

Sase Ivanovski

Карни на средбата со Трамп: Канада никогаш нема да биде на продажба

Sase Ivanovski

Обвинение против 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола

Sase Ivanovski

Градоначалниците отсега ќе може да се отповикуваат на референдум

Sase Ivanovski

Владата гради клучен инфраструктурен проект што како опозиција во 2021 не го гласале како јавен интерес

Sase Ivanovski

Осомничената антикорупционерка отфрлила и пријави за случајот „Адитив“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гејминг студото „Рокстар“ го објави вториот трејлер за играта GTA 6

Sase Ivanovski

Општина Аеродром не ги доби ветените кружни текови за намалување на сообраќајниот метеж

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПИЛСКИ ПРАТЕНИК ГО СИМНА ЗНАМЕТО НА ЕУ И СИ ГИ ИЗБРИША ЧЕВЛИТЕ СО НЕГО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пратениците не го изгласаа предлогот на Левица за незастарливост на дела против службената должност

Sase Ivanovski

Репортажа на ПРИЗМА: ГТЦ – ОД СИМБОЛ НА МОДЕРНОТО ДО БЕТОНСКИ ДУХ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ристова: Животот во Македонија станува се поскап – покачени се цените на јајцата, месото, сирењето, соковите, млекото

Sase Ivanovski

Фридрих Мерц е избран за нов германски канцелар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: Работиме на нов модел на субвенциите за нови авиолинии кој ќе донесе најмалку 10 нови дестинации

Sase Ivanovski

Има конфликт на интереси – една од парцелите на кои ќе се гради „Лидл“ во Куманово е на кумот на градоначалникот Димитриевски, обвини опозицијата

Sase Ivanovski

Кривична за Жан Железарски: Се заканувал на затворски полицајци, едниот го расекол со стаклен предмет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Црквата мора да му обезбеди стабилност на човештвото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРВАТА АНТИКОРУПЦИОНЕРКА ДОДЕКА ОДАВАЛА СЛУЖБЕНИ ТАЈНИ ОТФРЛАЛА И ПРИЈАВИ ЗА „АДИТИВ“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Чарли Џи е вешт каменичар посветен на заштита и ревитализација на историската архитектура преку прецизна изработка и уметнички талент

Sase Ivanovski

МАЛОЛЕТНИК ОД ТЕТОВО НАСИЛНО БИЛ ВНЕСЕН ВО „БМВ Х5“, КОГА УСПЕАЛ ДА ИЗБЕГА МУ СЕ ЗАКАНИЛЕ СО ПИШТОЛ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – 440 милиони денари за поддршка на спортот, 100 милиони денари за нови униформи за војниците, зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование ќе се градат

Sase Ivanovski

Љатифи Азизи: Владата донесе одлука за помош на млади и младински организации, одобрени се измените на ЗЛС со што значително ќе се подобри функционирањето на општините

Sase Ivanovski

Герасимовски: Во четврток ја отвораме новата градинка Пролет, прва по 50 години

Sase Ivanovski

Дваесет години посветени на безбедноста: Дирекцијата за радијациона сигурност одбележува значаен јубилеј

Sase Ivanovski

Општина Куманово – Ден на македонскиот литературен јазик

Sase Ivanovski

Средба на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со претставници на Конрад Аденауер Фондацијата

Sase Ivanovski

Средба на генералната секретарка на Собранието Димовска, со г. Павел Усватов, директор на Програмата за владеење на правото за Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер

Sase Ivanovski

Изјава од претседателката Сиљановска-Давкова за одржаната Свечена академија по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Sase Ivanovski
Вчитувам....