Двајца луѓе го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ кај Момин Поток во Скопје, откако мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.
„Денеска (23.05.2025) во 18:23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на бул. „8 Септември” со бул. „Никола Карев” во Скопје мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР.