До несреќата дошло кога автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20-годишник, удрил во 22-годишна девојка. Девојката се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на несреќата. Јавното обвинителство соопшти дека дежурен јавен обвинител синоќа извршил увид на лице место на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде во тешка сообраќајна несреќа едно лице го загубило животот.
Според сознанијата на обвинителството, до несреќата дошло кога автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20-годишник, удрил во 22-годишна девојка. Девојката се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на несреќата. Јавен обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатата. Возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина. Исто така, јавниот обвинител издал наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот.Извор: Новинска агенција МЕТА