Кумановец кој управувал четирицикл на некатегоризиран пат бил тешко повреден во Кавадаречко, информираа денеска од Сектор за внатрешни работи Велес.
– Вчера во 18:25 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во 16:30 часот во село Рожден, кавадаречко, С.С.(45) од Куманово, управувајќи четирицикл на некатегоризиран пат во селото како дел од авантура организирана од здружение на граѓани на подрачјето од село Мрежичко кон Рожден – Трибор – караула Пуљевац – Мајден и завршува до Мрежичко, паднал од четирициклот, појаснија од СВР Велес. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид бил извршен.