Од полицијата информираат дека вчера попладне било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотоцикл, во која со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.
-На 31.05.2025 година во 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(60) од Скопје и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(49) исто така од Скопје. Во несреќата М.В. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје – велат од МВР. Оттаму додаваат дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.