На плоштад во Скопје минувачите забележаа маж залепен со дебел слој самолеплива лента на металната градска светилка. Подоцна стана јасно дека ова е герила акција на „Support Kocani“ за да се предизвика внимание за помош на настраданите во Кочани. „Толку ли брзо не заборавивте?“, праша Мартин Кировски. Момчето рече дека пет негови другари биле меѓу загинатите.
„Не сме арни ние во Кочани, не сме арни. Разберете не, треба да се направи нешто за тој град, малку да заживее. Работата ќе оди на полошо доколку ништо не се преземе. Мене ми загинаа 5 другари, и некој ме прашува нема ли да ти биде срам што ќе бидеш врзан, јас сум врзан веќе духовно, морам да направам нешто за градот“, вели тој. Попладнево на плоштадот Македонија во Скопје имаше герила акција од момче кое се залепи со самолеплива лента за бандера. Тој не сакаше ништо да каже за својата постапка пред да дојдат новинарите.