Министерот Тошковски истакна дека оваа средба е од големо значење за зајакнување на билатералната соработка во областа на безбедноста и размената на искуства во современите безбедносни предизвици.
Во рамки на посетата делегацијата на МВР имаше можност да се запознае со напредните системи за безбедност во Азербејџан, особено со нивниот систем „Безбеден град“ и Интелигентниот систем за менаџмент на транспортот. Овие системи се меѓу најсовремените во светот, а дел од нивните искуства ќе помогнат при развојот на нашиот национален систем за урбана безбедност. Меѓународната соработка во областа на безбедноста е суштински важна, дури и со земји кои географски се далеку од нас. Светот денес се соочува со нови и комплексни предизвици, кои не познаваат граници. Размената на искуства, добрите практики и партнерствата со држави кои имаат развиени решенија за безбедност придонесуваат за зајакнување на нашиот систем, а со тоа и за повисоко ниво на заштита на нашите граѓани.