„Македонија за првпат е организатор на Европско првенство во џудо – чест и задоволство ни е што ги пречекуваме младите џудисти и нивните поддржувачи од цела Европа. Џудото нè обликува преку дисциплина, почит и стремеж кон извонредност – вредности што силно ги цениме. Ова првенство е вистинска манифестација на младешкиот дух, истрајноста и светлата иднина на овој благороден спорт.“, потенцираше министерот.
Министерот Тошковски информираше дека беше потпишан Мемнорандум за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи, Европската џудо федерација и Националната џудо федерација на Македонија.„Целта е соработка на проекти за промоција и џудото Македонија, со посебен фокус на едукација на полициски службеници во областа на џудо спортот и самоодбраната. Планирани се програми за физичка обука базирани на џудо за полициски службеници за подобрување на самоодбраната, техниките на ограничување на движењето и целокупната физичка подготвеност и соработка во многу други активности кои го промовираат спортот, дисциплината и здравото живеење на младите.“, истакна министерот Тошковски.Министерот Тошковски на учесниците на првенството им посака да победи спортскиот дух на младите.