Денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите на градоначалничката на Град Скопје дека ќе поднесе кривични пријави, Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потенцираше дека е добро што „конечно после четири години решила да се разбуди од зимски сон“.„Можеби доставила кривични пријави, можеби не. Добро е што градоначалничката на Скопје после четири години реши да се разбуди од зимски сон“, рече Тошковски одговорајќи на новинарско прашање, за време на посетата на полициската станица во Жеровјане во Општина Брвеница.
Арсовска неодамна информираше за нелегален ископ на песок и бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар од фирма која, како што тврди, нема никаква лиценца и одобрение за работа. Арсовска ги повика Министерството за внатрешни работи и надлежните институции да постапат, а најави и дека ќе поднесе пријава поради заканите по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство од страна на сопственици на фирма од Долно Коњари.