Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски најави дека системот „Сејф сити“ ќе профункционира на 1 јануари следната година. Системот, кој предвидува камери кои ќе детектираат сообраќајни прекршоци од секаков вид, во следните месеци ќе биде и официјално законски имплементиран, со оглед дека треба да се сменат некои закони пред да биде ставен во целосна употреба.
„01.01.2026 година е термин кога ќе го имаме Сејф Сити со законска имплементација, и потоа се надевам дека ќе видиме една поинаква сообраќајна култура. На тој датум ќе ги имаме и сите влезни параметри за секое возило, односно ги собираме од 01.01.2025 до крајот на годината, и потоа почнуваме со целосна имплементација. Мораме да си го смениме односот кон сообраќајот сите ние ако сакаме да имаме помалку жртви во сообраќајот“, рече Тошковски.