Вчера попладне, 49-годишен жител на Тетово е тешко повреден откако загубил контрола возејќи трактор, кој се превртел, информираат од МВР.
„На 09.06.2025 околу 16.00 часот во СВР Тетово било пријвено дека на ул.„194“ во Тетово, трактор со тетовски регистарски ознаки, управуван од Џ.Ш.(49) од Тетово, изгубил контрола и се превртел. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово“, велат од полицијата.