Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да не го отфрла договорот за ретки минерали бидејќи може да биде „во голема неволја“
Зеленски се обидува да се повлече од договорот за ретки минерали и ако го направи тоа, ќе има проблеми. Големи, големи проблеми, им рече Трамп на новинарите додавајќи дека „Зеленски сака Украина да е дел од НАТО, но разбирал дека никогаш немало да се оствари тоа“.
На 28 март Зеленски рече дека нема да го потпише договорот за ретките минерали бидејќи е спротивен на украинските планови за приклучување кон ЕУ.
-Било што што може да го загрози пристапувањето на Украина кон ЕУ, не може да биде прифатено, рече Зеленски.
Во меѓувреме директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев изјави дека Москва и Вашингтон почнаа преговори за заеднички проекти на полето на ископување на ретки минерали и други проекти во Русија.