Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека на американските воени и комерцијални бродови треба да им биде дозволено бесплатно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот канал.
„Американските бродови, воени и комерцијални, треба да им биде дозволено бесплатно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот канал! Тие канали не би постоеле без Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Тој додаде дека го замолил американскиот државен секретар Марко Рубио „веднаш да се погрижи за оваа ситуација“. Панамскиот канал е најкратката морска рута помеѓу Тихиот и Атлантскиот океан. Ископан помеѓу Северна и Јужна Америка, а низ него поминува околу 40 проценти од американската трговија Соединетите Американски Држави со децении имаат ексклузивна контрола врз Панамскиот канал, поради нивната водечка улога во неговата изградба. Сепак, по потпишувањето на договорот Торихос-Картер во 1977 година, Вашингтон ѝ го отстапи суверенитетот над каналот на Панама, што жителите на таа земја го нарекуваат историска „пресвртница“, наведува „Гласот на Америка“. Доналд Трамп го критикуваше судскиот систем во САД за одлуките што блокираа или паузираа некои од неговите наредби.
„Ни треба смела правда во нашата земја. Ако судовите не дозволат она што ни е дозволено да го правиме 250 години, Америка повеќе не може да биде иста. Корумпираниот Џо Бајден ќе ја уништи нашата земја со своето лудило – отворајќи ги границите и дозволувајќи криминалци од сите видови да влезат без одмазда. Убијци, дилери на дрога, членови на банди, па дури и ментално луди ќе се населат во нашата земја, предизвикувајќи хаос каков што никогаш порано не сме виделе“, порача Трамп.
Врховниот суд му нареди на Трамп засега да не ги депортира обвинетите венецуелски граѓани според Законот за непријателски странци.