Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека поранешниот американски претседател Џозеф Бајден е најлошиот претседател во американската историја и дека дозволил милиони криминалци да влезат во земјата.
„Заспаниот Џо Бајден, најлошиот претседател во историјата на САД, им дозволи на милиони и милиони криминалци, многу од нив убијци, дилери на дрога и луѓе ослободени од затвори и психијатриски установи ширум светот, да влезат во нашата земја преку неговата многу опасна и лошо дизајнирана отворена граница“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“. Тој изјави дека се извинuva, но дека негова работа е да ги избрка тие убијци и хулигани од САД.