Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека има договор и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за решавање на војната во Украина. Сепак, Трамп им рече на новинарите во Белата куќа дека договорот со Зеленски е „оставен да виси во воздух“, велејќи дека со Зеленски е „потежок за преговарање“ од Путин, објави Ројтерс. Американскиот претседател рече дека може да се сретне со Путин наскоро по патувањето во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати. На прашањето дали може да се сретне со Путин во Саудиска Арабија, Трамп рече дека тоа е можно, но малку веројатно и дека најверојатно ќе се сретне со неговиот руски колега набргу по тоа патување. Трамп со остри критики за Зеленски. Во меѓувреме американскиот претседател го обвини Зеленски дека со неговото одбивање ја продолжува војната.
„Ако го сака Крим, зошто не се бореа за него пред 11 години кога и беше предаден на Русија без ниту еден истрел?“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл.
„Токму таквите запаливи изјави го отежнуваат завршувањето на оваа војна. Оваа изјава е многу штетна за мировните преговори со Русија“, напиша американскиот претседател. Трамп подоцна рече дека мислел дека ќе биде полесно да се преговара со Зеленски.
„Досега беше потешко, но тоа е во ред“. Трамп не прецизираше дали ќе се сретне украинскиот претседател на погребните церемонии на папата Франциско во Рим во сабота.
Минатата недела Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од преговорите за Украина доколку Киев или Москва „многу ги отежнуваат“ разговорите. Во неделата тој изрази надеж за договор меѓу Русија и Украина оваа недела, но без да даде дополнителни детали за напредокот во преговорите.