Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече ветерниците „ужасни“ и рече дека „убиваат птици“. По потпишувањето на извршната наредба за запирање на проектите за енергија од ветер, Трамп рече дека природниот гас е чист и моќен, пренесува Anadolu. За време на интервјуто за Фокс њуз, тој рече дека гасот е конзистентен, а не како ветер.
– Ветерот дува, а потоа не дува. Тие работи чинат цело богатство. Направени се во Кина, убиваат птици, а ужасни се – рече американскиот претседател.
Тој рече дека и ветерните турбини негативно влијаат на вредноста на имотот.
– Не сакаме ветерници во оваа земја. Ако имате куќа, а ветерниците ви го расипуваат погледот, вашата куќа вреди половина. Тие се катастрофа и никој не ги сака“, рече тој, нарекувајќи ја енергијата на ветерот „најскапата од сите енергии“.
Извршната наредба, потпишана од Трамп претходно оваа недела, го запира проширувањето на проектите за енергија од ветер низ целата земја, предизвикувајќи критики од застапниците за заштита на животната средина.