Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека доколку Иран на кој било начин ги нападне Соединетите држави, ќе се соочи со моќта на американската војска „на нивоа што досега не биле видени“. Во објавата на својата платформа „Truth Social“, Трамп потврди дека САД немаат никаква врска со израелскиот напад врз Иран синоќа и дека лесно може да се постигне договор меѓу Иран и Израел „и да се стави крај на овој крвав конфликт“, пренесува Ројтерс.
Иран и Израел продолжија да разменуваат напади со ракети и беспилотни летала во текот на ноќта, при што најмалку осум лица загинаа во Израел откако иранските проектили навлегоа во воздушната одбрана во северниот и централниот дел на земјата. Непознат број ирански ракети го избегнаа израелскиот систем за противвоздушна одбрана и ги погодија населбите Реховот и Бат Јам во Тел Авив, при што загинаа четири лица, од кои две деца, повеќе од сто лица беа повредени, а десетици се водат како исчезнати. Присутни беа и градовите Јафа и Хаифа.