Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја замрзна помошта за УНХЦР. Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) ги повика денеска донаторите да побрзаат со планираните уплати откако американската влада ставила стотици милиони донации на чекање како дел од својата политика за замрзнување на надворешната помош. Веста ја потврди шефот на таа организација за Ројтерс. Филипо Гранди, високиот комесар на ОН за бегалци, кажа дека побарал од членките на Европската Унија и други земји со флексибилни структури на помош да ги забрзаат своите придонеси за да ги ублажат ефектите на американското замрзнување.
Лани САД на УНХЦР ѝ донирале повеќе од 2 милијарди долари, што е околу 40 отсто од вкупниот износ кој го примила агенцијата. По првичната одлука на САД, државниот секретар Марко Рубио издаде понатамошни наредби кои дозволуваат изземање од замрзнувањето на помошта за спасување животи и итна помош во храна, што Гранди го гледа како позитивен знак. Ричард Гренел, претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, кажа дека „милијарди долари се дадени на левичарски невладини организации“ за спроведување политики во други земји. Земјава добила 290 милиони долари. Администрацијата на Трамп соопшти дека ги повлекува речиси сите вработени во Агенцијата за меѓународен развој на САД од работа и надвор од теренот ширум светот по шестдецениската мисија за зајакнување на американската безбедност.
foto EPA